Прва лигаФудбал

Кока: Не очекува тешко гостување во Битола, но ние сме мотивирани и очекуваме добар натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Шкупи веќе почнува да ги прави плановите за настап во Втората лига, но до крајот на сезоната во елитата, чаирчани сакаат максимално да ги искористат натпреварите за калење на младите фудбалери.

Претстојното гостување кај ФК Пелистер се гледа како одлична можност за младите играчи да стекнат драгоцено искуство, особено во жешката атмосфера под „Тумбе Кафе“, каде што домашниот тим ќе бара важни бодови во борбата за опстанок.

Еден од играчите на новата генерација, Венис Кока , верува дека тимот е целосно подготвен да одговори на предизвикот и притисокот што го носи гостувањето во Битола.

„Нè очекува пеколно тешко гостување во Битола. Пелистер е мотивиран, но ние работевме напорно цела недела и сме подготвени за борба. Секој играч сонува за вакви натпревари – полни со адреналин и притисок. На терен излегуваме со карактер и самодоверба“, изјави Кока

Традицијата во последните меѓусебни дуели е на страната на Пелистер, кој забележа победи на последните три натпревари. Сепак, во вкупниот биланс, Шкупи е поуспешен со 15 победи во досегашните 20 средби, додека Пелистер има 5 победи, а 5 натпревари завршиле нерешено.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!