ФудбалЧетврта лига

Дерби пресметка во Балдовци: Интер Кукла на мегдан со Спартмани, Слога Злеово и Огражден чекаат кикс на лидерот

Сподели
Сподели

Утре ќе се одиграат натпреварите од 11. коло во Општинската фудбалска лига во Струмица, а вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено кон Балдовци, каде во големото дерби ќе се соочат есенскиот шампион Спартмани и актуелниот лидер Интер Кукла.

Тимот на Спартмани по слабите резултати во пролетниот дел ја загуби лидерската позиција и моментално се наоѓа на четвртото место со 17 бодови, додека Интер Кукла е осамен на врвот со 23 бодови, односно шест повеќе од својот утрешен ривал.

Без разлика на исходот, екипата од Куклиш ќе остане лидер и по ова коло, бидејќи има четири бодови повеќе од второпласираниот Огражден, но јасно е дека Интер Кукла ќе атакува на осмата сезонска победа и продолжување на одличната форма. Од друга страна, Спартмани ќе се обиде конечно да стигне до првиот пролетен триумф и повторно да се врати во трката за самиот врв.

Интересно ќе биде и во Радово, каде во дербито на дното ќе се сретнат Напредок и Единство. Двете екипи имаат по три бодови и се заковани на дното од табелата, па утрешниот меч е директна битка за бегство од последната позиција. Победникот ќе направи чекор напред кон претпоследното место, додека поразениот дополнително ќе ја продлабочи кризата.

Во Добрејци, Илинден ќе го пречека Огражден од Ново Село. Гостите се во победнички ритам и сериозно го напаѓаат првото место на табелата. Доколку Огражден ја оправда фаворитската улога и стигне до шестиот сезонски триумф, ќе има 22 бодови и ќе се доближи на само еден бод до Интер Кукла, во случај лидерот да киксне во Балдовци.



Сепак, Илинден има свои амбиции и со евентуална победа би можел да направи голем скок на табелата. Во таков случај тимот би стигнал до 19 бодови и би се вмешал во битката за третото место, особено ако Спартмани и Слога Злеово не успеат да освојат бодови.

Токму Слога Злеово ја продолжува својата битка за врвот со гостување кај Дрвош. Натпреварот има огромно значење за екипата од радовишко Злеово, која ова коло го гледа како последен „воз“ за вклучување во трката за лидерската позиција.

Во клубот владее максимална мобилизација, а за навивачите е обезбеден бесплатен превоз, па се очекува Слога да има силна поддршка во Дрвош и атмосфера како на домашен терен. Слога ќе атакува на шестиот сезонски триумф, додека домашниот состав ќе се обиде да стигне до петтата победа оваа сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!