Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија ја стартува новата ера со Гавриловиќ: почнуваат подготовките за Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Утре во Скопје, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе го одржи првиот собир со новиот селектор Милош Гавриловиќ, во пресрет на настапот во Европската лига 2026, која од оваа година има и улога на квалификациски циклус за Европското првенство 2028.

Прозивката е закажана за пладне во хотелот „Континентал“ во Скопје, каде ќе се појават сите одбојкарки од поширокиот список.

Гавриловиќ упати дополнителна покана до примачот на Наковски Волеј, Ивана Милева, која со своите настапи во финалната серија остави силен впечаток, и таа ќе се приклучи на националниот тим во подготовките.

Покрај собирот и работниот состанок, утре не е предвиден тренинг, туку ќе се реализираат мерења и физички тестирања на одбојкарките. Со тренажен процес репрезентацијата започнува во четврток во СЦ „Форца“ во Скопје.

Според планот, подготовките ќе се одвиваат во СЦ „Форца“, а пред стартот на Европската лига ќе биде одигран и пријателски двомеч со Косово на 29 и 30 мај.

Настапот на Македонија во Европската лига 2026 започнува од 5 до 7 јуни, на првиот турнир што ќе се игра во Порто, Португалија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!