Кошарка

ТФТ без шанса против Борац: Македонскиот вицешампион остана без место во АБА лигата

Сподели
ФОТО: ТФТ
Сподели

Кошаркарите на ТФТ не успеаја да обезбедат историски пласман во АБА лигата, откако и во вториот натпревар од баражот беа поразени од српскиот Борац Чачак, овојпат во Скопје со убедливи 97:65.

Тимот од Чачак уште еднаш го потврди својот квалитет и со вкупни 2-0 во серијата обезбеди опстанок во регионалното натпреварување, додека македонскиот вицешампион ќе мора да чека нова можност за настап во јадранската елита.

Гостите уште од самиот старт ја презедоа контролата на натпреварот и на полувреме заминаа со висока предност од 52:35, со што практично ги најавија победникот и крајот на серијата.

ТФТ успеа да парира во третиот период, но во последната четвртина постигна само девет поени, што Борац максимално го искористи за убедлива победа во Скопје.

Најефикасен кај ТФТ беше Џастин Гордон со 18 поени, Дејвис додаде 15, а Говенс натпреварот го заврши со 11 поени.

По елиминацијата од АБА баражот, „црно-белите“ сега целосно ќе се насочат кон домашниот шампионат, каде веќе во вторник ги очекува вториот полуфинален натпревар против Маџари, екипа која води со 1-0 во серијата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...

Кошарка

МЗТ Скопје го прегази Пелистер во „мајсторката“ и закажа финале со Маџари!

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани шампионската титула во македонската кошаркарска елита,...

Кошарка

Виктор Петровски: Навистина сум горд на овие девојки, оваа титула му ја посветувам на градот Крива Паланка!

Крива Паланка е нов шампион во женска сениорска конкуренција. Во финалата серија...

Кошарка

Дарко Димитријевиќ: За Бадел 1862 ова беше и повеќе од успешна сезона

Кошаркарките на Бадел 1862 оваа сезона се вратија на „големата сцена“. Не...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!