Ракомет

Висока победа за Младост од Богданци и лидерот Мулти Есенс, Драчево Јуниор и Јехона убедливи

Сподели
ФОТО: Влатко Трповски | Спортска Мрежа
Сподели

Претпоследното 25. коло во Првата ракометна лига донесе возбудувања и важни победи во битката за пласман во Супер лигата, но и во трката за место меѓу најдобрите шест екипи.

Мулти Есенс остана лидер на табелата откако во дербито славеше убедливо против Вардар Неготино со 37:29 и сега има 44 бодови. Веднаш зад нив е Младост од Богданци со 43 бодови, откако богданчани рутински го совладаа Аеродром со 35:25.

Даниел Андоновски беше лидер кај Младост со десет погодоци, а победникот практично беше решен уште во првото полувреме кога гостите водеа со 15:8. Последното коло ќе го даде патникот во Супер лигата, а Мулти Есенс ќе има мала предност бидејќи има подобар меѓусебен дуел и реми против Драчево Јуниор ќе им биде доволно за првото место.

Во битката за ТОП 6, Јехона остана во игра откако убедливо го совлада Шампион со 45:30. Тимот од Гостивар стигна до 22 бодови и се израмни со Аеродром и Текстилец, па последното коло ќе решава која екипа ќе ја освои шестата позиција.

Адис Салиу блескаше во победата на Јехона со 13, односно 14 погодоци според различните статистики, додека кај Шампион фантастичен беше Давид Јовчевски со дури 16 реализации. Двајцата ракометари заедно постигнаа неверојатни 30 голови.

Драчево Јуниор без поголеми проблеми славеше над Текстилец со 38:31 и ја задржа третата позиција на табелата со 38 бодови. Јован Марковски и Димитар Петковски постигнаа по девет голови за скопскиот тим, додека кај штипјани најефикасен беше Дарио Јорданов, исто така со девет реализации.

Во останатите натпревари, Македонија ЃП беше подобра од Партизан со 40:37, додека Преспа доби службени бодови од Кичево.

На едно коло до крајот, Мулти Есенс е лидер со 44 бодови, Младост има 43, Драчево Јуниор 38, а голема неизвесност владее во борбата за шестото место каде Јехона, Аеродром и Текстилец имаат по 22 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Тиверија Брера и Каменица Саса по втора Куп титула – финале со богата историја и голем влог!

Женскиот фудбалски Куп на Македонија ќе донесе ново возбудливо финале, во кое силите ќе ги одмерат Тиверија Брера и Каменица Саса – две...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па така кондициониот тренер Матеј Јовановски и официјално ја продолжи соработката и...

Поврзани написи
Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

Ракомет

Гоце Георгиевски ќе стави крај на кариерата во Вардар: Капитенот останува уште една сезона! 

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски, и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“...

Ракомет

Лино Червар се враќа во Македонија: Ракометниот великан нов тренер на Еурофарм Пелистер!

Еурофарм Пелистер и официјално ја започна новата приказна за сезоната 2026/27 со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!