Останато

Работнички Скопје ја продолжува шампионската традиција – слави 18. титула!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Работнички Скопје е новиот шампион на Македонија во женска конкуренција! Клубот ја продолжи традицијата и по пауза од една година, одново е на врвот, освојувајќи ја рекордната 18-та шампионска титула во својата клупска историја со која останува најтрофеен тим кај дамите.

Во „мајсторката“ од финалето на плејофот Работнички Скопје со пресврт стигна до победа од 1:3 (25:16, 20:25, 25:27, 23:25) против Наковски Волеј, односно со 3-2 во победи ја затвори финалната серија.

Слично како и на претходните четири меѓусебни дуели од завршницата, така и денеска во Струмица конкурентите за титулата одиграа натпревар со многу надигрување и надмудрување, долги поени, неизвесност и драма, во која одлучуваа нијанси и моменталната инспирација.

Свои моменти имаа и Наковски Волеј и Работнички Скопје. Како целиот натпревар и едните и другите да го одиграа со осцилации, подеми и падови, па одтаму и големиот број на пресврти во текот на целата средба.

Наковски Волеј отвори со 1:0 во сетови, но со голема борба и пожртвувана игра Работнички Скопје се избори за комплетен пресврт и за победа од 1:3, која е всушност прва за нив во Струмица против овој противник сезонава и им ја донесе рекордната 18-та шампионска титула.

Се намачија девојките на Душко Деспотовски за да слават „шампионско полнолетство“, кон кое ги предводеше Тамара Стојанова со 20 поени, Андротеа Милевска имаше 18, додека Антонија Баталаковска запиша 17 поени.

Во редовите на Наковски Волеј Ивана Милева постигна 16 поени, додека Сара Марковиќ и Љиља Ковачевиќ реализираа по 15 поени.

Екипата на Наковски Волеј одигра скоро перфектна сезона, со оглед на тоа дека во регуларниот дел од првенството имаше само еден пораз од Младост УГД и како лидер на табелата влезе во битката за шампионската титула. Сепак во премиерниот настап во финалето на плејофот, клубот не успеја да стигне до целта и да се радува на историски шампионски пехар.

Честитките и аплаузите одат на сметка на двата тима – за одличната финална серија, за убавата и квалитетна одбојка која ја понудија, како и за Наковски Волеј и неговата борбеност и истрајност, и за Работнички Скопје за 18. шампионска титула и рекордот, и крајот кој го краси делото!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!