Ракомет

Денес и официјално стартува РК Феникс: Радовиш добива нова ракометна приказна

Сподели
ФОТО: Официјалното лого на РК Феникс од Радовиш
Сподели

Радовиш од денес и официјално добива нов ракометен клуб, откако РК Феникс попладнево ќе го одржи својот прв тренинг и официјално ќе започне со работа.

Стартот на новата спортска приказна е закажан за 17:15 часот во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, каде најмладите љубители на ракометот ќе имаат можност да ги направат своите први чекори во дресот на новиот клуб.

Од РК Феникс најавуваат работа со лиценцирани и посветени тренери, а фокусот ќе биде ставен на правилен спортски развој, дисциплина, тимски дух, самодоверба и создавање здрави животни навики кај децата.

Тренинзите ќе се одржуваат три пати неделно – во понеделник, среда и петок со почеток од 17:15 часот.

Од клубот упатија покана до сите деца и родители да присуствуваат на денешниот официјален почеток, каде ќе имаат можност да се запознаат со визијата, организацијата и начинот на работа на новиот радовишки ракометен колектив.

Воедно, уписите за нови членови остануваат отворени, а од РК Феникс порачуваат дека секое дете кое има желба за спорт, дружење и ракомет е добредојдено во клубот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!