Втора лигаФудбал

Прилепчани во дербито за Прва лига: Големо ривалство на теренот, уште поголема почит надвор од него

Сподели
Сподели

Дерби пресметката меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново во рамки на 28. коло од Втората македонска фудбалска лига донесе голема борба на теренот, многу емоции и важни бодови во трката за пласман во елитата, а натпреварот во Штип заврши без победник – 1:1.

Посебен момент пред стартот на натпреварот беше фотографијата на четворицата прилепчани кои настапуваат за двата клуба. Во редовите на Брегалница настапуваат Даниел Карчески и Јорданчо Наумоски, додека дресот на Шкендија Арачиново го носат голманот Антонио Столевски и Николче Шаркоски.

Иако на теренот владееше големо ривалство и борба за секоја топка, бидејќи трите бодови имаа огромно значење во битката за Првата лига, надвор од теренот фудбалерите покажаа дека меѓусебната почит и пријателство се поважни од резултатот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија. Клубот во минатото се натпреваруваше и во Втората македонска...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал лига, откако на стартот од сезоната беше поразен со 4:1 од...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

ФудбалФутсал

Реми на дербито меѓу Форца и Шкупи, поранешните шампиони ги поделија бодовите

Без победник заврши дербито на поранешните шампиони од првото коло на Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!