Втора лигаФудбал

Реми на “жешкото” дерби во Штип – Брегалница на чекор од ПМФЛ, “пиратите” и радовишани до три бода!

Сподели
Сподели

Дербито на 28. коло на Втора лига во Штип меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново заврши без победник (1:1) за делба на бодовите, резултат кој Брегалница ја остава на првото место и на милиметри од Прва лига.

Николче Шаркоски го отвори резултатот во првиот дел за 0:1, а во вториот дел со гол од пенал Костадин Капсаров ги постави конечните 1:1 и големо славје во Штип.

Голема радост и славје за верната “фаланга” и цела штипска спортска јавност.

Во Македонска Каменица се одигра дерби за престиж без резултатско значење меѓу Каменица Саса и Слога Виница, каде само еден гол беше доволен за славје на домаќините од 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Спенџарски.

Кожуф како голем фаворит на домашен терен лесно славеше против Победа со резултат од 8:0.

Во големата голеада стрелаа Лембовски двапати, а по еднаш Шефити, Тодороски, Љушев, Петров, Ислами и Попов.

Неизвесно дерби за петтото место имаше меѓу Новаци и Беласица, каде голот на Стефан Јовановски беше доволен за славје на домаќините од 1:0.

Фаворитот Охрид без проблеми го доби „фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен со резултат од 3:0 Овде прашање беше само резултатската разлика. Стрелци беа Димитриј Димитриевски Димитриј, Виктор Наумовски и Стојан Попоски.

Во Ресен тимот на Детонит Плачковица од Радовиш како фаворит ги освои бодовите против Преспа славејќи со 0:3 преку головите на Дуков за 0:1 на полувреме и Мичковски и Спасиќ за конечни 0:3.

Вреди да се истакне одбранетиот пенал на Димитар Ѓоргиев, откако Нико Пластиновски не реализира од белата точка.

Тетекс на домашен терен немаше сили за Скопје и загуби со минимален резултат од 0:1 благодарение на голот на Рамадани.

Осогово го освои Неготино откако со резултат од 0:4 славеше над отпишаниот Вардар.

Хет-трик имаше Филип Димов, а еден гол беше дело на Драган Паунов.

Брегалница е прва со 65 бода, колку што има и Скопје кој е втор, но “сините” имаат подобар меѓусебен дуел од “пиратите”. Шкендија Арачиново е трета со 63 бода, Охрид е четврт со 62 бода.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!