Прва женска фудбалска лигаФудбал

Висока победа за Тиверија Брера, Истатов преку Чонева до три бода, Саса го урна новиот шампион Скопје

Сподели
Сподели

Тиверија Брера со високи 1:4 славеше над ланскиот шампион Љуботен на гостински терен, во рамки на 24. коло на Првата женска фудбалска лига.

До овој голем триумф со кој струмичанки се зацврстуваат на второто место стигнаа преку двојните стрелци Розита Пецева и Билјана Панеска.

За тетовскиот тим единствен стрелец во високиот пораз беше Меланија Грозданова.

Новиот шампион Скопје загуби на гостинувањето кај Каменица Саса, откако резултатот во малото рударско гратче беше 2:1.

За домашниот тим Бразилката Тчеури Харуми Гоја во 11. минута погоди за 1:0, а седум минути подоцна капитенката Ана Димитровска ја дуплираше предност.

Во судиското надополнување на мечот Кристина Крстева Кристина го ублажи поразот на конечни 2:1.

Истатов ги освои трите бодови во мечот со Ас Јунајтед на крилата на Радица Чонева која постигна хет-трик за славје од 3:2 над гостинот од Струга.

Елена Мацевска и Диелза Ибраими беа стрелци за Ас Јунајтед.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на врвот од листата на најдобри стрелци. Антонио Каланоски, фудбалерот на Охрид,...

Втора лигаФудбал

Охрид остана на врвот во Втора лига, конкурентите блиску до „рибарите“, на дното без промени

По седум одиграно кола, со напомена дека од петтото коло не е одигран мечот меѓу Работнички и Брера, тимот на Охрид е на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

Фудбал

Игор Стојчевски се повлекува од судењето: Не сакам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации

Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски објави дека се повлекува од судењето,...

ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!