Прва лигаФудбал

„Лавовите“ бркаат спас: Тиквеш нов предизвик за Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во рамки на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП на домашен терен ќе го пречека Тиквеш во натпревар кој може многу да влијае на битката за опстанок во елитното друштво.

Тимот предводен од Боби Божиновски влегува мотивирано во овој дуел, со цел да ја продолжи позитивната серија резултати во финишот од сезоната и да ги задржи шансите за спас.

Македонија ЃП во последните два домашни натпревари успеа да стигне до значајни победи. Прво убедливо го совлада Шкупи со 4:0, а потоа славеше и против директниот конкурент Работнички со 2:1.

Сепак, ситуацијата на табелата и понатаму е тешка за составот од Ѓорче Петров. Македонија ЃП има 30 бодови, шест помалку од Пелистер и АП Брера кои се на позициите што водат во баражот за опстанок.

По денешниот натпревар против Тиквеш, „лавовите“ ги очекуваат уште два сериозни предизвици – гостување кај Башкими во Куманово и домашен дуел против Силекс во последното коло.

Дополнителен мотив за гостите е фактот што Тиквеш беше поуспешен во двата меѓусебни натпревари сезонава. Кавадарчани во февруари славеа во Ѓорче Петров со 1:0, а претходно во септември победија со 2:1 на домашен терен.

Натпреварот на стадионот во Ѓорче Петров започнува во 16:00 часот, а за Македонија ЃП трите бода се единствена опција во борбата за опстанок.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Лазаров го стартуваше походот кон СП 2027: Репрезентацијата на прва прозивка пред Словачка!

Машката сениорска репрезентација на Македонија го одржа официјалниот собир пред клучниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Дуелот ќе...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Висока победа за Тиверија Брера, Истатов преку Чонева до три бода, Саса го урна новиот шампион Скопје

Тиверија Брера со високи 1:4 славеше над ланскиот шампион Љуботен на гостински терен, во рамки на 24. коло на Првата женска фудбалска лига....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш бара излез од кризата на тешко гостување кај Македонија ЃП

Тиквеш во финишот од сезоната влезе во резултатска криза, а турбулентниот период...

Прва лигаФудбал

Џелил Абдула: Целта е јасна – три бода против Башкими

Арсими денеска пред своите навивачи во Гостивар ќе го одигра еден од...

Прва лигаФудбал

Мурати: Верувам дека притисокот врз домаќините ќе биде наша предност

На две кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...