Ракомет

РК Феникс од утре и официјално ја започнува својата ракометна приказна во Радовиш

Сподели
Сподели



Радовиш добива нов спортски колектив и нова надеж за младите генерации, откако ракометниот клуб Феникс од утре и официјално започнува со работа.

Првиот тренинг и официјалниот старт на клубот се закажани за понеделник, 11 мај, со почеток од 17:15 часот во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, каде најмладите љубители на ракометот ќе имаат можност да ги направат своите први спортски чекори во дресот на новиот радовишки клуб.

Од РК Феникс најавуваат дека клубот ќе работи со лиценцирани и посветени тренери, а главната цел е преку спортот кај децата да се развиваат дисциплина, самодоверба, тимски дух и здрави животни навики.

Тренинзите ќе се одржуваат три пати неделно, и тоа во понеделник, среда и петок со почеток од 17:15 часот.

Во своето официјално обраќање од клубот истакнаа дека РК Феникс не претставува само нов спортски колектив, туку идеја и визија за создавање здрава и позитивна средина за младите во Радовиш и околината.

„РК Феникс ќе биде клуб кој ќе се гради заеднички – со доверба, комуникација и искрена посветеност. Отворени сме за секој предлог, секоја дискусија, секоја идеја и секоја добронамерна сугестија, затоа што веруваме дека само обединети можеме да создадеме стабилен и успешен спортски колектив. Со огромно задоволство ве известуваме дека уписите во РК Феникс продолжуваат, а вратите на клубот се широко отворени за сите деца кои сакаат да бидат дел од оваа нова спортска енергија“, велат од клубот.

Од раководството упатија покана до сите деца и родители да присуствуваат на официјалниот почеток и да се запознаат со визијата, организацијата и начинот на работа на клубот.

Воедно, од РК Феникс информираат дека уписите за нови членови продолжуваат и дека вратите на клубот се отворени за сите деца кои сакаат да бидат дел од новата ракометна приказна во Радовиш.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!