Прва лигаФудбал

„Лавовите“ бркаат спас: Тиквеш нов предизвик за Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во рамки на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП на домашен терен ќе го пречека Тиквеш во натпревар кој може многу да влијае на битката за опстанок во елитното друштво.

Тимот предводен од Боби Божиновски влегува мотивирано во овој дуел, со цел да ја продолжи позитивната серија резултати во финишот од сезоната и да ги задржи шансите за спас.

Македонија ЃП во последните два домашни натпревари успеа да стигне до значајни победи. Прво убедливо го совлада Шкупи со 4:0, а потоа славеше и против директниот конкурент Работнички со 2:1.

Сепак, ситуацијата на табелата и понатаму е тешка за составот од Ѓорче Петров. Македонија ЃП има 30 бодови, шест помалку од Пелистер и АП Брера кои се на позициите што водат во баражот за опстанок.

По денешниот натпревар против Тиквеш, „лавовите“ ги очекуваат уште два сериозни предизвици – гостување кај Башкими во Куманово и домашен дуел против Силекс во последното коло.

Дополнителен мотив за гостите е фактот што Тиквеш беше поуспешен во двата меѓусебни натпревари сезонава. Кавадарчани во февруари славеа во Ѓорче Петров со 1:0, а претходно во септември победија со 2:1 на домашен терен.

Натпреварот на стадионот во Ѓорче Петров започнува во 16:00 часот, а за Македонија ЃП трите бода се единствена опција во борбата за опстанок.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!