Трета лигаФудбал

Победа Валандово мора да го добие Карбинци, Овче Поле да го „преживее“ Турново

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели



Утре се играат натпреварите од претпоследното коло на Трета лига – Исток, а кое коло може и да го донесе шампионот.

Лидерот Победа Валандово ќе има незгодно гостување кај Карбинци, меч кој мора да се добие со цел „калинкарите“ да го сочуваат врвот од табелата бидејќи имаат само бод повеќе од второпласираниот Овче Поле.

Тимот од Свети Николе утре ќе има тешко гостување кај некогашниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново на стадионот „Кукуш“. „Овчарите“ ќе мораат до три бодови со цел и понатаму да го следат чекорот на лидерот од Валандово.

И двете екипи ги посакуваат трите бодови и се надеваат на „кикс“ на конкурентот, со цел да бидат сигурни на патот кон баражот за Втора лига.

Во Струмица ќе се одигра натпреварот меѓу Тиверија и фаворитот Ударник од Пирава.

Инаку, во рамки на 21. коло слободни се екипите на Дојранско Езеро и Малеш од Берово.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!