Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров го одреди тимот за Словачка: Пешевски и Галевски отпаднаа од списокот за баражот

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели



Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на ракометари за бараж двомечот против Словачка, кој ќе решава за пласман на Светското првенство 2027.

На скратениот список се најдоа 20 ракометари, од кои Лазаров ќе ги избере 16-те што ќе настапат на двата натпревари. Во однос на претходните собири, најголемо внимание привлекува отсуството на искусниот пивот Жарко Пешевски, како и на голманот Иван Галевски. Надвор од комбинација останаа и Мартин Серафимов и Никола Костески.

Шанса како трет голман доби чуварот на мрежата на РК Вардар, Васил Гогов, додека на списокот се враќа и десниот бек на РК Охрид, Томи Јагуриновски.

Македонската репрезентација ќе се собере на 10 мај во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, по што ќе следуваат подготовките за двомечот со Словачка.

Првиот натпревар ќе се игра на 14 мај во арената „Татран“ во Прешов со почеток од 19:00 часот, додека реваншот е закажан за 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија ќе се обиде да обезбеди осмо последователно, односно вкупно десетто учество на едно Светско првенство.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кока: Не очекува тешко гостување во Битола, но ние сме мотивирани и очекуваме добар натпревар

Екипата на Шкупи веќе почнува да ги прави плановите за настап во Втората лига, но до крајот на сезоната во елитата, чаирчани сакаат максимално...

Прва лигаФудбал

ФК Вардар брка титула, Шкендија нема право на грешка

Домашниот шампионат полека влегува во самиот финиш, а денеска на програмата е 31. коло во Првата македонска фудбалска лига. Лидерот ФК Вардар попладнево...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андора на пенали поуспешна од Македонија на турнирот во Струмица

Во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години,...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Ѓорѓи Ѓоргиев: Во младите ја гледаме иднината на репрезентацијата

Машката сениорска одбојкарска репрезентација ги започна подготовките во Крушево за настапот во...