ИнтернационалциФудбал

Последни денови за пријавување на голманскиот камп „Пријателство“: Интересот е огромен, местата се пополнуваат!

Сподели
Сподели

Рокот за пријавување на четвртото издание на Меѓународниот летен голмански камп „Пријателство“ – Крупањ 2026 влегува во самиот финиш, а интересот за учество е сè поголем. Организаторите апелираат сите заинтересирани млади голмани да побрзаат со пријавувањето, бидејќи останува уште многу краток период до затворањето на апликациите.

По едногодишна пауза, еден од најреномираните специјализирани кампови за голмани во регионот повторно ќе се одржи во Крупањ, Србија, во периодот од 19 до 25 јуни. Кампот ќе биде реализиран во модерен тренинг-центар кој располага со фудбалски терени, базен, теретана и сопствен ресторан, нудејќи врвни услови за работа, подготовка и престој на учесниците.

Во изминатите три изданија, кампот успешно собра повеќе од 120 учесници од повеќе држави, а организаторите континуирано работат на развој на младите чувари на мрежата преку концепт кој вклучува летен камп во Србија и зимски камп во Македонија.

Кампот е наменет за машки и женски голмани на возраст од 6 до 18 години, кои во текот на седумдневниот престој ќе имаат по два тренинга дневно, едукативни сесии, современи методи на работа, тимски активности и дружење. Обезбеден е и 24-часовен лекарски надзор, како и медиумска покриеност која ќе им овозможи дополнителна промоција на младите таленти.



Секој учесник ќе добие спортска опрема, а предвидени се и награди за најуспешните. Програмата не е насочена само кон технички и тактички напредок, туку и кон градење дисциплина, спортски дух и нови пријателства.

Со младите голмани ќе работат искусните тренери Милан Бурсач, Дарко Денков и Жељко Радошевиќ, кои важат за докажани голмански стручњаци во регионот.

Кампот „Пријателство“ и оваа година ќе биде повеќе од обичен спортски настан – место каде се создаваат нови генерации талентирани голмани и се гради љубовта кон фудбалот.

За дополнителни информации и пријавување, заинтересираните можат да се јават на телефон 076/210-262.

Годинава, Спортска Мрежа за првпат медиумски ќе го поддржи Меѓународниот летен голмански камп „Пријателство“.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа предвидени да се одиграат во сабота се одложени. Станува збор за...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!