Ракомет

Тронот е повторно „црвено-црн“: Вардар со голема победа над големиот ривал

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар 1961 по пауза од три години повторно ќе биде шампион на Македонија. „Црвено-црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“ одиграа моќен натпревар и убедливо го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер со 34-19, со што на три кола до крајот и официјално го обезбедија првото место на табелата.

Скопскиот состав уште од стартот на второто полувреме покажа дека нема да дозволи никаква неизвесност. Со фантастична игра во одбраната и расположениот Валах на голот, Вардар направи серија со која целосно го скрши отпорот на битолчани. Еурофарм Пелистер цели десет минути не успеа да постигне погодок, а домаќините тоа максимално го искористија и во 39. минута стигнаа до убедливи 22-12. До крајот разликата само растеше, а во 55. минута Вардар веќе имаше огромни 32-17.

ФОТО: РК Вардар

Иако натпреварот започна израмнето, со неколку добри акции на двете страни, Вардар постепено ја презеде контролата. Неколкуте грешки во нападот на гостите и брзите контри на домашните донесоа рано водство од 6-3. Пелистер успеваше да остане резултатски блиску во првиот дел, но промашените пенали и техничките грешки не им дозволија целосно да се вратат во мечот.

Клучен момент во првото полувреме беше директниот црвен картон за Ник Хенингман по стартот над Малус. По тој момент, Вардар дополнително го засили темпото и преку брзи голови стигна до највисока предност во првиот дел. На паузата „црвено-црните“ заминаа со сигурни 18-12 и најавија дека се блиску до големото славје.

ФОТО: РК Вардар

Во продолжението, избраниците на Вардар играа со огромна самодоверба, додека кај битолчани беше видлив притисокот од важноста на натпреварот. Гогов запиша неколку значајни интервенции, нападот функционираше беспрекорно, а трибините уште пред самиот крај започнаа со шампионската прослава.

Со оваа победа Вардар стигна до 56 бодови и има недостижна предност на врвот на табелата. Охрид сега е втор со осум бодови помалку, додека Еурофарм Пелистер падна на третата позиција. По три сезони доминација на битолчани, шампионскиот трофеј повторно се враќа во Скопје.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Струмица 2001 или Бутел? Во „Никола Карев“ ќе падне одлуката за шампионот и патникот во Супер лигата

Кој ќе обезбеди место во елитната конкуренција – Струмица 2001 или Бутел? Одговорот ќе биде познат утре вечер, кога во салата Спортска сала...

Кошарка

МВП Скопје, Струга 2009, Петровски и Бадел 1862 во битка за трофејот во М14 женската лига

Финалниот турнир во М14 лигата-жени, ќе се игра овој викенд, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во наредните два дена...

Поврзани написи
Ракомет

Дерби дуел: Вардар и Пелистер во битка што може да ја реши титулата!

Суперлигашката трка за титулата влегува во самата завршница, а вечерва во Скопје...

Ракомет

Јасухира го најави дуелот со Вардар: „Овој натпревар е многу важен за нас и ќе дадеме сѐ од себе“

Ракометарите на Охрид ги продолжуваат подготовките за новиот предизвик во плеј-офот од...

Ракомет

Македонските арбитри на најатрактивниот дуел: Митревски и Тодоровски во Брно

Македонија ќе има свои судиски претставници во претстојните бараж натпревари за пласман...

Ракомет

Савревски: „Покажавме карактер во клучните моменти“ – Охрид славеше во Автокоманда

Ракометарите на Охрид продолжија со одличните настапи и на домашната сцена, откако...