Кошарка

Формирани се осминафиналните двојки во М18 кошаркарската лигата во машка конкуренција

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Со одигрувањето на последното коло, во четирите натпреварувачки групи, завршен е регуларниот дел од натпреварувањето во М18 лигата во машка конкуренција.

А вкупно 16. екипи ќе го продолжат својот пат кон финалниот турнир во јуниорскиот шампионат.

Пласман во осминафиналната фаза, која е првата елиминациска, обезбедија екипите од Првата лига: Вардар, Феникс 2010, Вибас баскет, Водно санс, Борец баскет, МКК Куманово, Црн Дрим и МЗТ Скопје Аеродром, и најдобрите осум екипи од трите групи од Втората лига:

Тетекс ТТК, Работнички 2018, Спортисимо Аква Мила, Ангели, Универзитет Тетово, Пелистер, Мега баскет, Чаир;

Согласно со пласманот во регуларниот дел, формирани се осминафиналните двојки:

Чаир – Вардар

Мега баскет – Феникс 2010

Пелистер – Вибас баскет

Универзитет Тетово – Водно санс

Ангели – Борец баскет

Спортисимо Аква Мила – МКК Куманово

Работнички 2018 – Црн Дрим

Тетекс ТТК – МЗТ Скопје Аеродром

Во осминафиналната фаза се играат два натпревари (на 9. односно на 16.мај) во кои подобриот кош-количник од двата натпревари ќе го одлучи победникот за четвртфиналниот дел од М18 лигата.

Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!