Машката сениорска одбојкарска репрезентација ги започна подготовките во Крушево за настапот во Европската лига 2026, во одлични услови и позитивна работна атмосфера.
Селекторот Јошко Миленкоски заедно со стручниот штаб стартуваше со работа со комбиниран состав, а репрезентативците постепено влегуваат во посакуваниот ритам преку претпладневни и попладневни тренинзи со различен интензитет и содржина.
На првиот собир присуствуваше и еден од најискусните репрезентативци, Ѓорѓи Ѓоргиев, кој истакна дека атмосферата и пристапот на тимот на самиот старт се на високо ниво и дека сите мотивирано го започнале новиот репрезентативен циклус.
„Ме радува што повторно сме во Крушево по подолго време. Како репрезентација имаме многу убави спомени од овој град и сме имале претходно многу квалитетни подготовки, а верувам дека така ќе биде и сега. Одлична атмосфера имаме на стартот, млади деца, нова енергија, играчи кои еден ден треба да не заменат нас повозрасните и во нив ја гледам иднината на репрезентацијата. Ме радува и што започнавме една недела порано со подготовките, тоа ќе ни даде повеќе време да се запознаеме и подобро да се подготвиме. Уште сме на стартот, и ќе одиме чекор по чекор, за да може веќе на трите турнири во Европската лига да го дадеме максимумот за овој циклус“, истакна Ѓорѓи Ѓоргиев.
Што се однесува до предизвикот кој го очекува националниот тим – настапот во Европската лига 2026, техничарот истакнува дека ако сакаме Македонија да го продолжи континуитетот на големите натпреварувања мора сериозно да се влезе на сите дуели.
„Во Европската лига 2026 на некои натпревари ќе бидеме ние фаворити, на некои противниците ќе го имаат тој епитет, но доколку сакаме Македонија повторно да игра на Европско првенство во 2028 година тогаш мора сериозно да си ја сфатиме работата. Немаме простор за калкулации. Според мене три максимални победи против Косово, Луксембург и Исланд е нешто што е задолжително, додека против Холандија, Грција и Израел, која има убава генерација, но не се непобедливи, да ги бараме нашите шанси и да извлечеме максимум од секој натпревар што ќе значи и чекор поблизу до следниот континентален собир. Истовремено дуелите со овие три селекции кои важат за фаворити ќе ни помогнат многу и во процесот на подготовка за ЕП, затоа што во Софија ќе не чекаат исти такви тешки противници па да видиме до каде и колку може да играме со нив“, заклучува Ѓоргиев.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна на УЕФА официјално е назначен за...
Репрезентацијата на Македонија до 16 години следната недела ќе биде дел од меѓународниот меморијален турнир “Миљан Миљаниќ” што ќе се одржи на терените...
Репрезентацијата на Македонија до 16 години следната недела ќе биде дел од...
Со нова енергија и нови лица, но и дел од „староседелците“ машката...
Женската репрезентација до 16 години триумфално го отвори настапот на УЕФА развојниот...
Петмина интернационалци ќе го пропуштат утрешниот старт на подготовките за учеството во...