Ракомет

Јасухира го најави дуелот со Вардар: „Овој натпревар е многу важен за нас и ќе дадеме сѐ од себе“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид ги продолжуваат подготовките за новиот предизвик во плеј-офот од Супер Лигата, а во осмото коло на домашен терен ќе го пречекаат составот на Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра во сабота во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот, а охриѓани посакуваат позитивен резултат по поразот во финалето на Купот.

Во пресрет на дуелот, своите очекувања ги сподели ракометарот на Охрид, Косуке Јасухира, кој истакна дека тимот е мотивиран да се реваншира за претходниот пораз и дека овој натпревар има големо значење за екипата. Јапонскиот интернационалец потенцира дека атмосферата во тимот е добра и дека сите ќе го дадат максимумот за победа пред домашната публика.

„Одигравме добар натпревар минатиот пат во финалето на Купот, но сепак загубивме. Се надевам на победа во следниот натпревар на домашен терен, овој натпревар е многу важен за нас и ќе дадеме сè од себе.“- изјави Јасухира.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид, сезонава прикажува одлични партии, како на домашен, така и на гостински терен, а дуелот против Вардар носи дополнителен мотив и можност за нов голем резултат пред своите навивачи.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!