Прва женска фудбалска лигаФудбал

Младоста е силата на Истатов: Тимот на Кирил Изов со деца од 2008 и 2009 блеска во елитата

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб ЖФК Истатов уште еднаш покажа дека сериозно работи на развојот на младите фудбалерки и создавање на иднината на македонскиот женски фудбал.

Тимот предводен од искусниот тренер Кирил Изов сезонава игра во одлична форма, а посебно внимание привлекува фактот што шанса во првиот тим добиваат голем број млади и талентирани фудбалерки.

На натпреварот од 23. коло во Првата женска фудбалска лига против Љуботен (0:0), во стартниот состав на Истатов настапија дури шест млади фудбалерки – три родени во 2009 година и три родени во 2008 година.

И покрај младоста на тимот, Истатов прикажува зрели и квалитетни партии во текот на целата сезона. На четири кола пред крајот, клубот е во трка за второто место на табелата, а третата позиција е практично обезбедена.

Дополнителна потврда за квалитетната работа е и податокот дека Истатов во досегашниот тек од сезоната има само два порази, и тоа од новиот шампион Скопје.

Од клубот потенцираат дека се горди на своите млади фудбалерки, кои со голема посветеност, дисциплина и талент покажуваат дека пред нив стои светла спортска иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!