Останато

Бронза за Милев во Унгарија, Љафтов, Ѓоргиев и Савовски „бркаат“ злато со своите клубови

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Искусниот македонски репрезентативец и интернационалец Владо Милев и неговата Казинбарчика ја затворија сезоната во унгарското првенство со бронзен медал, односно како трет тим во Екстралигата.

Во серијата „подобар во пет“ Казинбарчика со 3-0 во победи го совлада Престиж. Со најголем отпор Милев и неговите соиграчи се соочија на првиот меч, кој го добија со тај-брејк, 3:2. Македонскиот репрезентативец со 17 поени беше лидер на својот тим.

Во следните два натпревари Казинбарчика беше сигурна, со две максимални победи. Милев во вториот дуел постигна 12 поени, додека во третиот го одигра само првиот сет, со скромен учинок од два поени додека во останатиот дел од натпреварот шанса добија играчите со помала минутажа.

Милев повторно успешно завршува уште едно интернационално поглавје во кариерата, а следно кон што ќе се насочи се репрезентативните обврски.

Во меѓувреме уште тројца македонски репрезентативци се во „трка“ за медали, но тие се борат за злато и за шампионските титули во првенствата во кои настапуваат.

ФОТО: ОФМ

 

Александар Љафтов и Елоре играат за титулата во Унгарија против Фино Капошвар, а во моментов е 1-1 во победи во серијата „подобар во пет“.

Никола Ѓоргиев и Карловарско во чешкото првенство вечерва го играат петтиот натпревар во финалната серија против Прага. Долгата серија е 2-2 во победи, а коректорот и неговиот тим играат денеска за титула.

Средниот блокер Филип Савовски и Панатинаикос во Грција, пак, синоќа славеа со 3:2 (25:22, 21:25, 22:25, 25:18, 16:14) против ПАОК по скоро два ипол часа игра и поведоа со 2-1 во финалето на плејофот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!