Останато

ФОТО: Три бронзи за џудо клубот Дрим од Струга на силен меѓународен турнир во Чешка

Сподели
Сподели

Џудо клубот Дрим од Струга имаше успешно претставување на престижен меѓународен турнир одржан на 2 мај 2026 година во Нови Биджов, Чешка, каде учество зедоа над 1100 натпреварувачи од повеќе земји.

Стружани настапија со седум џудисти, предводени од тренерот Андреј Чакаровски, и оставија силен впечаток во конкуренција исполнета со квалитет. Нивната борбеност и посветеност резултираа со три освоени бронзени медали, кои ги освоија Давид Спироски во категоријата до 55 килограми, Енил Ајдиноски до 66 килограми и Лука Трца до 73 килограми, сите во возрасната категорија до 14 години.

Покрај освојувачите на медали, со достојни настапи се истакнаа и Драгица Рафтоска, Даријан Ночески, Амар Бајрамоски и Мартина Салви, кои иако не се искачија на пиедесталот, покажаа голема храброст и спортски дух, борејќи се рамноправно со силната конкуренција.

Настапот во Чешка претставува уште една потврда за квалитетната работа во клубот и за потенцијалот на младите џудисти, кои успешно ги бранат боите на својот клуб и Македонија на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!