Кошарка

Крива Паланка на чекор до историја: Втор триумф над Бадел 1862 за 2-0 во финалето

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Крива Паланка е на само една победа од освојување на првата шампионска титула во сениорска конкуренција, откако повторно беше подобра од Бадел 1862 и славеше со 88:76 за водство од 2-0 во финалната серија од плеј-офот.

Како и во првиот натпревар, домашниот тим уште од стартот наметна силно темпо и веќе по првата четвртина имаше двоцифрена предност (28:17). До заминувањето на пауза разликата дополнително порасна на убедливи 44:27, што беше клучно за понатамошниот тек на мечот.

Иако гостинките од Скопје одиграа многу подобро во второто полувреме и во еден период од третата четвртина имаа и предност, успеаја да намалат само дел од негативата. По три периоди игра, Крива Паланка повторно воспостави контрола и водеше со сигурни 67:54, што се покажа како недостижно за противникот.

Домашниот состав имаше повеќе расположени кошаркарки. Робинсон беше најефикасна со 26 поени, додека Ниехуес запиша нов дабл-дабл со 19 поени и дури 18 скока, надополнети со шест асистенции. Значаен придонес дадоа и Алексовска со 18 поени, како и Грин која постигна 19 поени, со учинок од десет скока и седум асистенции.

Кај Бадел 1862, Фримен се истакна со 27 поени и 11 скока, Клири додаде 23 поени и 12 скока, додека И. Чолакоска го заврши натпреварот со 15 поени, осум скока и пет асистенции.

Следниот натпревар од серијата ќе се игра на теренот на Бадел 1862, каде домаќинот ќе се обиде да се врати во игра, додека Крива Паланка ќе има прва шанса да ја запише историската титула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица и Тетекс со поделба на бодовите во меч под рефлектори во Струмица

Беласица и Тетекс одиграа нерешено 2:2 во меч од 5. коло на Втората лига, кој се одигра под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Поврзани написи
Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!