Кошарка

Струмица чекор до влез во кошаркарската елита: Убедлив триумф против Бутел за водство во финалето

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Струмица 2001 направи силен старт во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига, откако на домашен терен го совлада Бутел со убедливи 84:69 и поведе со 1-0 во битката за место во Супер лигата.

Иако гостите подобро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 17:16, продолжението целосно им припадна на струмичани. Домашниот тим брзо го презеде ритамот и до крајот на првото полувреме создаде солидна предност од 42:35.

Во третиот период разликата дополнително порасна на двоцифрени 59:49, што практично го најави победникот. До крајот, Струмица 2001 рутински ја задржа контролата и стигна до важен триумф на стартот од серијата.

Најефикасен во победничкиот состав беше Д. Пандев со 21 поен, додека значаен придонес дадоа и Александровски со 15, Масевски со 13 и Јовановиќ со 11 поени. Кај гостите се истакна Атанасов со 22 поени, а поддршка имаше од Киров (15), Мартиноски (14) и Јанески (10).

Финалната серија се игра по принцип „подобар од три натпревари“, а следниот меч ќе се одигра на теренот на Бутел, каде скопскиот тим ќе се обиде да израмни и да ја врати неизвесноста во борбата за влез во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!