Останато

Одбојкарите на Струмица доминираат, штипјани се втори на табелата!

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Шампионот Струмица доминира во Првата машка одбојкарска лига откако запиша осум од осум и со тоа е на врвот од табелата со 24 бодови на своето конто.

Во рамки на деветтото коло Шкендија со 3:0 го декласираше тимот на Лирија, Борец дома загуби од Штип УГД со 0:3 во дерби натпревар, Скопје со 0:3 загуби од тимот на Вардар, додека шак Сушево се израдува на прва сезонска победа откако со 3:0 во сетови славеше над „фенерџијата“ Јанта Волеј, екипата на Македонија Џио загуби од шампионот и лидер Струмица.

Колото ќе се комплетира со натпреварот меѓу Универзитет Тетово и Работнички, кој ќе се одигра на 4. декември.

Перфектна сезона играат одбојкарите на Струмица, кои сакаат двојна круна оваа сезона. Како што веќе кажавме Струмица е прва со 24 бодови, Штип УГД е втор со 21 бод, Борец е трет со 20 бодови, а пак Шкендија е на 4. место со 19 бодови.

    • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРАТА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Позиција Клуб Вкупно Поб. Пор. Бодови Доб. Изг.
1 Струмица 47&72 8 8 0 24 24 1
2 Штип УГД 8 7 1 21 22 3
3 Шкендија 8 7 1 19 22 7
4 ГОК Борец 9 7 2 20 21 10
5 Работнички 71&22 8 5 3 17 19 10
6 Универзитет во Тетово 7 4 3 12 13 9
7 Вардар 1947 8 4 4 10 12 16
8 Лирија 9 4 5 13 14 17
9 Скопје 9 3 6 8 10 22
10 Македонија Џио 8 2 6 6 9 20
11 Сушево 8 1 7 5 9 21
12 Весна Пробиштип 8 1 7 4 5 22
13 Јанта волеј 8 0 8 0 2 24

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Мозес Рајт: Да се држиме до советите од селекторот и целта е јасна – да победиме!

Мозес Рајт е новото име во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред важниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 минимално поразена од Украина на развојниот турнир во Струмица

Македонската репрезентација до 15 години претрпе минимален пораз од Украина со 0:1 во третото коло од Развојниот турнир што се одржува во Струмица....

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!