Кошарка

Крива Паланка го сруши Вардар во Скопје и избори „мајсторка“

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарките на Крива Паланка израмнија на 1-1 во полуфиналната серија против Вардар, откако на гостински терен во Скопје славеа со 76:69 и обезбедија трет, одлучувачки натпревар.

Гостинките од самиот старт ја контролираа играта и резултатот. Предводени од одличната Робинсон, уште во првата четвртина направија двоцифрена предност (27:17), а до полувремето ја зголемија на 49:36.

Иако Крива Паланка имаше контрола во најголем дел од натпреварот, во последната четвртина Вардар се врати во игра. По тројката на Тасевска, домаќинките намалија на само 66:68 на две и пол минути до крајот, најавувајќи драматична завршница.

Сепак, решавачки беа поените на Грин, која прво ја прекина серијата на Вардар, а потоа со нови поени ја потврди победата за конечни 76:69.



Во редовите на Вардар, најрасположена беше Алексиќ со 22 поени, Тасевска додаде 21 поен и 13 скока, додека Пислевска постигна 10 поени.

Со оваа победа, серијата се израмни и ќе се игра „мајсторка“ во Крива Паланка, која ќе го даде финалистот во плеј-офот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Никола Митревски останува во Пелистер: Нов договор за сезоната 2026/27

Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот врз стабилни темели, откако најдобриот македонски голман Никола Митревски потпиша нов договор со клубот. Искусниот чувар...

Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација...

Поврзани написи
Кошарка

Убедливи победи и важни бодови во Плеј-аутот: Куманово сигурен, Феникс во игра, Работнички чекор поблиску до опстанок

Натпреварите од „МТЕЛ“ Супер лигата во Плеј-аут фазата донесоа нови резултати и...

Кошарка

„Баделки“ го срушија шампионот: израмнија 1-1 и обезбедија мајсторка со Баскет Кам

Кошаркарките на Бадел 1862 одиграа одличен натпревар и со убедливи 69:51 ја...

Кошарка

Полуфиналната драма продолжува: вечерва клучни натпревари од плејофот во Првата кошаркарска лига

Вечерва на програмата се реванш-натпреварите од полуфиналната серија во плејофот на Првата...

Кошарка

КФСМ со важни одлуки: Попусти за долгови и нов систем за лиценцирање на клубовите

Во насока на стабилизација и унапредување на домашната кошарка, Управниот одбор на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!