Кошарка

„Баделки“ го срушија шампионот: израмнија 1-1 и обезбедија мајсторка со Баскет Кам

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Кошаркарките на Бадел 1862 одиграа одличен натпревар и со убедливи 69:51 ја совладаа екипата на Баскет Кам, со што ја израмнија полуфиналната серија на 1-1 и изборија трет одлучувачки меч.

„Баделките“ имаа целосна контрола во текот на целиот дуел, не дозволувајќи му на актуелниот шампион во ниту еден момент да се врати резултатски. По првата четвртина водеа 15:11, а на полувреме предноста ја зголемија на 31:23.

Најсилен впечаток оставија во третата четвртина, кога со агресивна игра и сигурна реализација стигнаа до високи 57:40, практично решавајќи го победникот уште пред последните 10 минути.

Во нападот се истакнаа Фримен со 20 поени, Чолакоска со 19 и Клири со 16 поени, додека солидна поддршка даде и Максимовска со 15 поени кај гостинската екипа.

Со оваа победа, серијата е израмнета и ќе се игра решавачки трет натпревар, кој ќе го даде финалистот во плеј-офот на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за...

Кошарка

Куманово шампион на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, Стојан Ѓуроски МВП

МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“,...

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!