Ракомет

„Ќе оставиме срце на терен!“- Блажески го најави полуфиналето со Целје!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик на европската сцена – полуфиналниот двомеч против Целје во рамките на ЕХФ Купот. По историските резултати оваа сезона, охриѓани со амбиција и верба влегуваат во битката за финале.

ФОТО: ГРК Охрид

Еден од голманите на Охрид, Бојан Блажески, го најави првиот полуфинален дуел од ЕХФ Купот. Тој, потенцира дека тимот се соочува со квалитетен и млад противник, но и дека и покрај краткото време за подготовка, ќе дадат максимум на теренот.

„Ни следи полуфиналето со екипата на Целје. Одлична, експлозивна и млада екипа. Немавме многу време да се подготвуваме поради обврските во домашното првенство, па затоа оваа недела ќе го анализираме противникот. Ние, како и секогаш ќе оставиме срце на терен и ќе се обидеме од Словенија да се вратиме со што подобар резултат пред вториот натпревар.“- изјави Блажески пред мечот.

ФОТО: ГРК Охрид

Првиот натпревар се игра во Словенија, каде Охрид ќе се обиде да избори поволен резултат пред реваншот и да направи уште еден чекор кон историски пласман во финалето на ЕХФ Купот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!