Кошарка

КФСМ со важни одлуки: Попусти за долгови и нов систем за лиценцирање на клубовите

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Во насока на стабилизација и унапредување на домашната кошарка, Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија на денешната седница донесе и разгледа повеќе значајни одлуки.

Во рамките на усвоениот дневен ред, беше донесена одлука за регулирање на финансиските обврски на клубовите. Според неа, за старите долгови се овозможува подмирување со 40% попуст, најдоцна до 31 мај, додека за обврските од тековната сезона е предвиден попуст од 20% со рок за исплата до 20 јуни.

Со оваа мерка се очекува значително финансиско растоварување на клубовите и поставување основа за постабилен и дисциплиниран систем во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

На седницата беше отворена и расправа по Предлог-правилникот за лиценцирање на клубовите за настап во системот на натпреварување во Македонија, кој ги опфаќа МТЕЛ Супер лигата (мажи), Првата лига – жени и Првата лига – мажи.

Правилникот е структуриран во 12 целини, меѓу кои се општите одредби, условите за лиценцирање, спортските, инфраструктурните, административните, финансиските, организациските и етичките критериуми, како и постапката за лиценцирање, видовите лиценци, контролата и ревизијата, и завршните одредби.

Управниот одбор ја потврди определбата за воведување јасен и строг лиценцен систем, при што ги задолжи стручните служби на федерацијата да спроведат дополнителна анализа на Предлог-правилникот.

Во рок од осум дена, тие треба да извршат детална проверка на предложените решенија, особено од спортски и правен аспект, да предложат конкретни подобрувања и да понудат јасни и применливи решенија со цел создавање функционален и одржлив систем за лиценцирање.

По доставување на нивните предлози, Управниот одбор ќе пристапи кон конечно усвојување на Правилникот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска го предаде четвртфиналето во Парма поради повреда

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, кое...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Судијата Даниел Шлагер ќе ја дели правдата на Македонија – Швајцарија

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Нашата репрезентација в...

Поврзани написи
Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за...

Кошарка

Куманово шампион на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, Стојан Ѓуроски МВП

МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“,...

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!