Трета лигаФудбал

Кадино победи во меч со ДЕВЕТ гола, Куманово со „петарда“, Шкендија Арачиново со минимална победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Поранешниот второлигаш Кадино дојде до четвртото сезонско славје со кое прави прогрес на табелата, откако славеше гостинска победа над Беса Влазрими во меч со девет погодоци за конечни 4:5.

Фетаи, Шабани, Елези и Демири беа стрелци за домашниот тим, додека пак за гостинскиот тим Далибор Николовски постигна хет-трик, а пак Бошковски беше двоен стрелец.

Ланскиот шампион Куманово кој не го помина баражот за Втора лига одигра феноменален меч на кој покажа моќ, откако славеше со убедливи 0:5 над Академија Илинден. Тодоровски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Шерифи, Јовановски и Реџепи.

Бујар Иљази со гол во 24. минута обезбеди минимална победа од 0:1 за лидерот Шкендија Арачиново над новиот третолигаш Њу Старс на гостински терен.

Колото ќе се комплетира утре, со останатите натпревари. Башкими Љуботен ќе игра со Риниа, дерби на колото меѓу Форутна и Еуромилк ГЛ, Ржаничино против Пчиња, дерби на двата нови третолигаши, Аеродром против БВК Коњаре.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во прилепското село Дебреште, а победничкиот трофеј го освои екипата на БХС...

Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го освоија меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Во атрактивен натпревар со неизвесности прилепскиот...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!