Втора лигаФудбал

Попоски: Брегалница е фаворит против Беласица, во Струмица одиме по трите бодови!

Сподели
Сподели

Во Струмица на „Благој Истатов“ ќе се одигра дербито на Истокот меѓу Беласица и Брегалница, натпревар од 13. коло на Втората лига.

Фудбалерот на штипските „сини“, Столе Попоски вели дека Брегалница е фаворит на овој меч, во Струмица одат по трите бодови, а притоа додава дека репрезентативната пауза ја искористиле за да бидат подготвени за последни три есенски натпревари.

„90% од екипата е спремна. Еден до двајца играчи не се комплетно спремни, но играчите кои ќе добијат шанса со сигурност ќе одиграат на ниво за тоа отсуство да не се почувствува. Паузата ја искористивме максимално да се подготвиме за претстојните средби, да одиграме онака како што знаеме и крајот на полусезоната да го дочекаме на едно од првите две места од табелата. Беласица е претежно млада и полетна екипа, која игра квалитетно и борбено, а тоа го докажа и во натпреварите од претходните неколку кола. Ова го гледам како дерби во кое ние сме фаворити и секако одиме на трите бодови и целиот плен“, рече Попоски пред мечот во Струмица.

Натпреварот стартува во 13 часот, се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а правдата ќе ја дели Боби Величков.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!