Прва лигаФудбал

АП Брера посакува победа против Арсими

Сподели
Сподели

Репрезентативната пауза тимот на АП Брера ја искористи за целосно ресетирање и квалитетни подготовки за клучниот дел од сезоната, во кој главната цел е обезбедување опстанок во елитното друштво. По двата порази во изминатите кола, избраниците на Мартин Алаѓозовски се надеваат дека следува период на подобри изданија и позитивни резултати.

Денешниот натпревар носи голема тежина, бидејќи во Струмица гостува Арсими – еден од директните конкуренти во борбата за опстанок во Првата лига. Победата би имала огромно значење и би можела да биде пресвртница за продолжението од сезоната.

„Работевме напорно во текот на репрезентативната пауза и се надеваме дека тоа ќе даде резултат на натпреварите што претстојат. Нѐ очекува важен натпревар против Арсими, а ние се надеваме дека ќе одиграме квалитетно и ќе успееме да ги освоиме бодовите“, вели тренерот Мартин Алаѓозовски.

Натпреварот меѓу АП Брера и Арсими е закажан за 15:30 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!