Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново до нова лесна победа, Куманово покажа моќ, Еуромилк ГЛ ја декласираше Риниа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Со минималната победа на Фортуна од 0:1 над Кадино беше отворено 11. коло во Трета лига – Север, во меч каде за гостинот стрелец беше Фисник Синани во 90. минута.

Денес, Аеродром на домашен терен со 3:1 славеше висока победа над Башкими Љуботен, откако до победата дојде преку Кристијан Апостоловски и двата гола на Александар Каланоски. За гостинот стрелец беше Нусерт Курти.

БВК Коњаре преку пресврт во вториот дел го доби новиот третолигаши Њу Старс со резултат од 3:2. Борјан Тимовски беше двоен стрелец за гостинскиот тим, а пак за домаќинот стрелаа Алајдин Алили, Бујар Мустафа, и Фати Јусуфи кој погоди во 90. минута за конечните 3:2.

Непоразениот лидер Шкендија од Арачиново со 3:0 славеше висока победа над Академија Илинден со што главниот фаворит за баражот за Втора лига лесно прокнижи нова победа.

Шуајб Алити и Илир Сула погодија за брзо водство на домаќонот, а во вториот дел Еркан Шаип постигна гол за конечните 3:0.

Ланскиот шампион Куманово покажа моќ и запиша висока триумф од 6:0 над дебитантот Ржаничино, каде Андреј Јовановски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Златковски, Шерифи, голманот Горан Трајковски од белата точка и Тодоровски.

Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ со превисоки 6:0 славеше над Риниа, откако Ферди Исмаиловски беше стрелец на три гола, а по еден гол постигнаа искусниот Филип Петковски, Лука Ивановски и Ахмед Бакијов.

Пчиња дојде до голем триумф од 2:1 над Беса Влазрими, а овој триумф е голема радост за домашниот тим од причина што беше одигра на теренот во село Пчиња, откако истиот ги исполни условите за третолигашки натпревари по неговата реконструкција.

Виктор Димков постигна гол за 1:0 во 31. минута, а веднаш потоа Лавдрим Сулимани постигна гол за 1:1. Во финишот на мечот Љубомир Трпевски постигна гол за конечни 2:1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!