Прва лигаФудбал

Секуловски: Влегуваме во период од два месеци со една цел – опстанок на Пелистер во Прва лига

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер на два месеци пред крајот на сезоната доби нов тренер – Марјан Секуловски седна на жешкото тренерско столче во обид да го спаси клубот од испаѓање во Втора лига.

Секуловски веќе го одработи првиот тренинг со тимот, со што се означи старт на мисијата во Битола наречена „опстанок на Пелистер во Прва лига“.

Искусниот стратег верува дека Пелистер може да се спаси и да остане во елитата, вели дека ќе треба секој играч да го даде својот максимум, а на секој меч ќе одат по победа.

„Со моето назначување и со денешниот прв тренинг, влегуваме во период од два месеци во коишто имаме една и единствена цел, тоа е сите заедно да го обезбедиме опстанокот во Прва лига. Моменталната состојба на табелата е позната на цела спортска јавност, не треба да ја објаснувам, а ако и ја објаснувам нема ништо да добијам. Од денес тоа им го порачав и на играчите влегуваме во еден циклус во кој што на крајот кога ќе заврши овој циклус од два месеци по кој ќе можеме гордо да излеземе од оваа врата и во историјата да пишува дека сме го опстанале клубот во Првата лига. Не е важно како, ниту начинот, ниту како, важно е да се победува и да се освојуваат бодови, за да се излезе од ситуацијата во којашто се наоѓаме моментално. За тренер не е добро да стартуваш на два месеци до крај на првенството, но некој мора да го преземе и тој врел костен. Двата меча кои ни следат се знаат, Шкендија и Вардар во период од четири дена. Ние ќе одиме натпревар по натпревар. Прво ќе се подготвиме за Шкендија, потоа ќе се подготвуваме за Вардар. Јас од играчите барам да го дадат максимумот на секој натпревар независно од името на противникот или неговата позиција на табелата. Искуството ми кажува дека секогаш кога секој го дава максимумот, автоматски колективот го дава максимумот. На секој натпревар ние ќе имаме јасна цел, ќе се потрудиме да го дадеме максимумот и да извлечеме позитивни резултати. Од сите играчи јас очекувам да се стават во максимална функција на клубот, да го дадат својот максимум на тренинзите и натпревари, да му помогнат на клубот во оствариме зацртаната цел, а тоа е опстанок во лигата. Не ме интересира ниту име, ниту презиме, едноставно ме интересираат играчи – професионалци, кои што ќе го дадат максимум на терен, за да излеземе од оваа ситуација во која што се наоѓа клубот“, изјави Секуловски.

Пелистер е во зоната за директно испаѓање, го дели десеттото место со Работнички со по 22 бодови, има бод негатива од бараж зоната, а седум помалку од зоната за директен опстанок во Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!