Прва женска фудбалска лигаФудбал

Саса слави голема победа во дербито против Љуботен, лидерот Тиверија Брера победнички низ Битола!

Сподели
Сподели

Дербито на 13. коло во Првата женска фудбалска лига го доби Каменица Саса откако тимот славеше над актуелниот шампион Љуботен со 2:1.

Дербито на колото беше важно и за двете екипи, трите бодови беа императив во борбата и трката за шампионската титула и излезот во Европа. Во Македонска Каменица беа постигнати три погодоци, за триумф на „рударите“ над шампионот Љуботен со резултат од 2:1.

По само 15 минути игра 21-годишната Бразилка, Туане Де Соуза Фрагосо постигна гол за водство од 1:0, резултат со кој се замина и на полувреме.

Во вториот дел бугарската интернационална Антонина Шопска постигна гол во 62. минута за двојна предност на Саса во дербито на колото. Љуботен започна со уште поголем притисок и дојде до 2:1 преку голот на 33-годишната Колумбијка Ингрид Јулиет Видал Исаза со што Љуботен во финишот на мечот се обиде да дојде и до израмнување, но Саса беше одлична и не дозволи изненадување, а со тоа трите бодови останаа во Македонска Каменица.

Ваквиот кикс на Љуботен најмногу му одговараше на непоразениот лидер Тиверија Брера, откако денес струмичкиот тим со 1:3 славеше над Топ Гол и победнички се прошета низ Битола.

Домаќинот преку Анастасиа Илиевска прв дојде до водство уште во 18. минута, а до крајот на првиот дел Билјана Панеска и Теона Галабовска постигнаа два брзи погодоци за 1:2 на полувреме и резултатски пресврт.

Во вториот дел Топ Гол се обидуваше и правеше напори, а сите дилеми ги реши Бразилката Тчеури Харуми Гоја.

Речица на домашен терен одново беше поразена откако загуби од Истатов со 2:4. За домашниот тим Емили Митковска беше двоен стрелец, а за гостинскиот тим Радица Чонева постигна два гола, а по еден гол постигнаа Канита Емини и Ана Нешковска.

Скопје на домашен терен славеше висока победа од 3:0 над битолски Атлетико, во меч каде Мила Панева во 51. минута постигна гол за 1:0, откако во првиот дел мрежите мируваа, а во финишот на мечот два брзи гола за конечни 3:0 постигна Елена Наумоска.

Во однос на табелата Тиверија Брера со 34 бодови е лидер на табелата, без ниту еден пораз, Каменица Саса е втора со 30 бодови, а пак Љуботен е трет со 28 бодови, но и меч помалку.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 12 11 1 0 65 5 +60 34
2 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 12 10 0 2 40 9 +31 30
3 ЖФК ЉУБОТЕН 11 9 1 1 37 7 +30 28
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 12 8 0 4 27 14 +13 24
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 11 4 1 6 15 31 -16 13
6 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 11 2 2 7 11 24 -13 8
7 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 12 2 1 9 11 31 -20 7
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 11 2 0 9 18 32 -14 6
9 ЖФК РЕЧИЦА 12 1 0 11 6 77 -71 3
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 0 0 -3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бафто ќе го суди супер-дербито меѓу Љуботен и Тиверија Брера, Пројковска ќе го суди градското дерби во Битола!

Во недела на програмата ќе бидат натпреварите од 17. коло на Првата женска фудбалска лига, а кое коло ни го носи и големото...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник: Повикани 18 играчи во репрезентациите на Македонија!

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник, а потврда за тоа е повикот на 18 играчи во репрезентациите на Македонија. Струмичани доминираат со сите...

Поврзани написи
ТурнириФудбал

Фудбалските таленти на ФК Џокер ќе учествуваат на „Златибор Куп“

Фудбалскиот клуб Џокер ќе учествува на познатниот „Златибор Куп“ во Србија, турнир...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до 2014 година

Женскиот фудбалски клуб Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!