ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Сподели
Сподели

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во Првата футсал лига.

Двете екипи мораа да се задоволат со бод во битката за потврда на опстанокот во елитата.

Домашниот тим го отвори резултатот во 8. минута преку гол на Исмаил Абдуловски, а со кој гол Јувентус Серава замина на полувреме со 1:0. Во вториот дел домаќинот дојде и до двојна предност откако Армандо Алијевиќ постигна гол за 2:0 во 25. минута.

По четири минути Бојан Иванов беше прецизен за 2:1 и го врати тимот од Крива Паланка во игра барем за бод, а на крај така и испадна – Михаил Павловски во 39. минута постигна гол и го спаси Осогово од пораз, откако погоди за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Додека да се комплетира колото Јувентус Серава ќе биде шесто со 16 бодови, а Осогово седми со 15 бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Стадионот во Општина Илинден ќе добие трибина за 1100 гледачи – Ристовски: Вложувањата во спортската инфраструктура се инвестиција во иднината

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на новата трибина и...

Останато

Сара Митевска доминираше на турнирот Скопје Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на Ј60 ИТФ турнирот Скопје опен 2026 што се играше...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Охрид, Стојанче Стојанов на Шкендија Арачиново и Шкендија

Утре се играат реваншите од полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, а...

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!