Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Сподели
ФОТО: ЖРК Ѓорче Петров | АРХИВА
Сподели

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер лигата во женска конкуренција.

„Лавиците“ воопшто не видоа мака и лесно триумфираа пред домашната публика, а гостинскиот тим парираше само во првите десет минути од средбата од 6:4 во 10. минута, Ѓорче Петров одлепи и на полувреме имаше 21:10.

Во вториот дел расположените „лавици“ ја полнеа мрежата на тимот од Штип.

Емилијана Ризоска со осум гола беше прво име кај Ѓорче Петров, а со по пет гола се истакнаа Марија Јанкуловска и Теодора Дукоска.



Кај Астибо прво име беше Жанет Вероника Мутемеца со девет гола, во отсуство на Марија Анчева, која не настапи на овој натпревар.

Утре, Чаир ќе се соочи со Спартак, додека пак в недела Куманово ќе игра против Вардар. Екипата на Пелистер овој викенд одмара бидејќи требаше да игра со откажаниот Металург Автокоманда.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!