Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на нови ракометни судии, со цел проширување и подмладување на судиските редови во македонскиот ракомет.

Повикот е наменет за сите млади љубители на ракометот кои сакаат да останат дел од спортот, но во нова, одговорна улога – како судии на теренот. Ова е можност за оние кои имаат желба да го продолжат своето ракометно искуство и да придонесат во развојот на спортот од поинаква перспектива.

Според објавените критериуми, кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да се на возраст од 17 до 28 години

  • да играат или претходно да играле ракомет

  • да покажуваат интерес за судење и познавање на ракометните правила

  • да поседуваат одговорност, сериозност и дисциплина

  • да бидат подготвени за учење и континуирано напредување



Од Стручната комисија потенцираат дека судењето претставува важен сегмент од секој спорт, а особено во ракометот, каде брзината и динамиката бараат високо ниво на концентрација и знаење.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) на електронската адреса: strucna.komisija@gmail.com.

Повикот е отворен до 31 март 2026 година, што значи дека младите ракометари и љубители на спортот имаат уште неколку дена да ја искористат оваа можност.

„Остани во играта — преземи одговорност како судија“ е пораката со која од Здружение на ракометни судии на Македонија ги повикуваат сите заинтересирани да направат чекор напред и да станат дел од ракометната иднина на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани...

Ракомет

Мулти Есенс го преживеа Младост и со тесен резултат обезбеди борба за бронза на турнирот во Прилеп

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

Ракомет

Ќосевски по новиот трофеј на Охрид: „Мислам дека заслужено го освоивме овој турнир!“

Охрид ја продолжи традицијата и по вторпат во низа го освои меморијалниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!