КупФудбал

КУП: Тиверија Брера му даде 21 гол на Билјанини Извори, а толку голови даде и Љуботен, фаворитите според планот!

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Денес беа одиграни седум од осум натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, каде фаворитите според планот обезбедуваат следна фаза од Купот.

Прволигашот Тиверија Брера го „здроби“ охридскиот второлигаш Билјанини Извори со убедливи и превисоки 21:0. Повеќе од јасна беше победата, но и секако квалитетот на страната на струмичкиот прволигаш, резултатот донекаде и беше очекуван.

Ива Јосифива и Розита Пецева постигнаа по четири гола, хет-трик постигна Павлинка Николовска. двојни стрелци беа Ане Бошеска, Викторија Недева, Слаѓана Ѓорѓиева, а два гола даде дури и голманката на Тиверија Брера, Викторија Панчурова. По едне гол постигнаа Стефанија Божинова и Ивана Илиева.

Со резултат од 21:0 актуелниот шампион Љуботен го декласираше второлигашот Порече од Македонски Брод. Ивана Иваноска си постигна автогол, а потоа Андреа Коловска постигна четири гола, Настасја Накова имаше три гола, по да гола постигнаа Александра Јовановска, Елена Симјанова и Ева Величкова, а по еден гол постигнаа Александра Марковска, Бојана Петкова, Хава Мустафа, Михаела Волческа, Ангела Ванеска, Ива Јованоска и Нина Миленковиќ.

Атлетико со 2:0 го доби второлигашот Кочани, кој на овој меч настапи со полн состав. Мелица Милица Димитриоска и Сара Слобоанка Димитриоска беа стрелци на двата гола за битолскиот прволигаш.

Ас Јунајтед со убедливи 7:0 сосема очекувано славеше над второлигашот Победа Валандово, откако Олса Орани постигна хет-трик, двоен стрелец беше Теодора Далческа, а по еден гол постигнаа Сара Дика и Лина Луканова.

Прволигашот Истатов преку двојните стрелци Радица Чонева и Ива Здравевска дојде до победа од 4:0 над радовишкиот второлигаш Плачковица.

Скопје преку двата гола на Бесарта Фида патува во четвртфиналето откако славеше над битолски Топ Гол со 2:0.

Висока победа на домашен терен забележа и тимот на Каменица Саса од 6:0 над Речица, откако Стефанија Веселинова и 21-годишната Бразилка Туане Де Соуза Фрагосо, по еден гол имаа голгетерката Ана Димиторвска, Вероника Гоцева и бугарската интернационалка Антонина Шопска.

Натпреварот меѓу Вардар и Борец не се одигра, бидејќи велешкиот тим не дојде на натпреварот, па тоа ќе значи и службен триумф за Вардар и следна фаза од Купот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!