Фудбал

IN MEMORIAM Васил Кировски – Џери (1948 – 2026)

Сподели
Сподели

Кировски Васил – Џери своите први фудбалски чекори ги направи како играч на ФК МИГ, денешен ФК Скопје, каде настапуваше до својата 21 година. Неговата љубов кон фудбалот и чувството за играта го насочија кон нов предизвик – судиската професија.

Заедно со својот соиграч и подоцнежен колега, фудбалерот и сојузен судија Ристо Бундалевски, се пријавува за судија во генерацијата регрутирана од Ѓоко Симоновски – Кинез и Атанас Петровски – Тоска, кои во тоа време важeа за едни од најдобрите теоретичари и познавачи на фудбалските правила во Македонија.

Неговата судиска кариера бележи брз и сигурен подем. Поминувајќи ги сите натпреварувачки рангови – од подсојузните лиги, преку меѓурегионалните натпреварувања, до Втората и Првата Сојузна Југословенска лига, каде Џери се вброи меѓу најпочитуваните судии на својата генерација.

Особено се памети дерби натпреварот што го судеше во Сплит во 1989 година, помеѓу екипите на големата Југословенска фудбалска четворка – Хајдук и Црвена Ѕвезда (2:1), натпревар кој остана запаметен и по големите нереди што се случија по неговото завршување.



По осамостојувањето на Македонија, продолжи активно да суди и стана еден од водечките судии во Првата македонска фудбалска лига. И по завршувањето на својата богата судиска кариера, остана посветен на фудбалот, како судиски контролор, регрутер и ментор на новите генерации, пренесувајќи им го своето искуство и љубовта кон судењето.



Ќе остане запаметен како човек на теренот, но уште повеќе како човек кој живееше за фудбалот и судењето. Страст што продолжува да живее и преку неговите синови, Марјан Кировски, поранешен долгогодишен ФИФА асистент судија и сегашен Републички судиски инструктор и Христијан Кировски, поранешен македонски репрезентативец, а сегашен тренер.

Со својата стручност и посветеност, Кировски Васил – Џери остави траен белег во македонскиот фудбал и во судиската организација. Фудбалската федерација на Македонија изразува искрено сочувство до семејството Кировски.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот тим остана без бодови во дуелот со Хановер. Гостите славеа со...

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло на домашен терен со 2:0 ја...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!