ФудбалФутсал

Закажани четвртфиналните пресметки во футсал Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Четвртфиналето од футсал Купот на Македонија ќе се игра во два дена. Познати термините за натпревари на кои ќе се води борба за полуфинален билет.

Ланскиот финалист Осогово во Крива Паланка ќе го пречека непоразениот тим во македонскиот футсал Проект, натпревар кој ќе се одигра во среда со почеток од 19:30 часот.

Исто така, в среда ќе се одигра и натпреварот меѓу Балкан и Јувентус Серава, а овој неизвесен дуел ќе стартува во 21 часот.

Во Кавадарци ново соочување на Клими и актуелниот бранител на Куп титулата Форца. Овие две екипи одиграа меѓусебен дуел пред неколку дена во шампионатот, кога Клими излезе како победник, а сигурно е дека сега Форца ќе сака „одмазда“ и тоа одново на истиот терен во салата „Јасмин“ со почеток од 20:30 часот.



Со натпреварот меѓу Бутел и Кеби Моби кој ќе се одигра в четврток ќе се добие последниот полуфинален патник.

Форца ја брани Куп титулата, а пак Проект најави отворени амбиции да ја освои истата, заедно со шампионската титула и да ги обедини двете титули, откако тоа го направи Форца двапати во низа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!