Прва лигаФудбал

Реакција на ФФМ во однос на соопштението на ФК Шкендија

Сподели
Сподели

По соопштението на актуелниот шампион Шкендија, со соопштение реагираше и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШЕНИЕ НА ФФМ:

„ФК Шкендија денеска се јави со добро познатото соопштение, кога ќе се загубат бодови, виновни се судиите, федерацијата или тревата на теренот.

Интересно е што токму оваа сезона во Прва МФЛ клубот од Тетово е статистички еден од најзаштитените, без практично ниту една сериозна судиска грешка на нивните натпревари. Тоа е факт кој одамна не е тајна, го знаат и фудбалската јавност и клубовите.

Но тоа очигледно не претставува проблем додека резултатите одат во нивна корист. Како лани на пример, кога токму скандалозните судиски одлуки на натпреварот со Тиквеш им овозможија да стигнат до титулата. Тоа и „птиците“ го знаат. Тогаш, се разбира, немаше соопштенија, ниту загриженост за „интегритетот“ на натпреварувањето.

Денеска, по ремито со Брера, повторно се бара алиби. Истите тие судии, кои наводно се проблем денес, „дозволија“ Шкендија да победи во последната минута во Кратово пред десетина дена, како и против Вардар минатото коло. Но тогаш, очигледно, сè било во ред.

Во своето соопштение Шкендија го споменува и натпреварот Силекс – Вардар, иако е симптоматично што токму Силекс, како директен учесник на тој натпревар, воопшто не се пожали на судењето.

Интересно е и што од Тетово немаше ниту збор реакција кога на нивниот стадион судиите беа гаѓани со скалпел и погодени со метални пари и запалки. Тогаш, очигледно, немаше потреба од соопштенија и загриженост за судиската заштита.

Очигледно е дека ова соопштение е режија на добро познатиот двоец во клубот, Љуљзим Имери и Бесник Ибраими. Двоецот кој на последните три средби со раководството на федерацијата повеќе се интересираше за интересите на другите клубови отколку за сопствениот.

Шкендија како клуб, со сериозен спонзор и инвестиции како Еколог, заслужува многу поодговорно и посериозно раководење, а не ваков стил на комуникација кој се сведува на притисоци, алиби и постојани обиди за создавање теории на заговор.

Ароганцијата во управувањето со клубот и постојаниот „поглед од горе“ кон сите други во лигата не водат кон успех, туку кон сосема спротивното.

Кога веќе најавуваат дека ќе се обратат до УЕФА, слободно. Ќе помогнеме и во таа намера и ќе ја доставиме целата статистика и видео анализа од натпреварите на Шкендија, па нека се види колку навистина е „оштетен“ клубот од Тетово.

Ова раководство на ФФМ нема намера да подлегнува на вакви обиди за притисок, ниту на соопштенија кои се појавуваат секогаш кога некој ќе загуби бодови. Таквите методи одамна се прочитани во македонскиот фудбал и нема да променат ништо.

ФФМ ќе продолжи да го штити единствено интегритетот на натпреварувањето, без привилегирани и без недопирливи. Правилата важат за сите, без исклучок. Секој инцидент ќе биде санкциониран. Како за сите, така и за вас. Во тоа бидете уверени“, се вели во соопштението на ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Стартува борбата за влез во Супер лигата: Струмица или Бутел?

В недела стартува финалната серија меѓу Струмица и Бутел за влез во Супер лигата, односно за пополнување на последното место од кошаркарката елита...

Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот против Целје во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп носи шанса за...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига,...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!