Кошарка

Лидерите без кикс во ТОП 8: Бутел, Соколи 1933, Струмица 2001 и Борец баскет продолжуваат со победничка серија

Сподели
Сподели

Нема промени на врвот на табелата и по четири одиграни кола во втората фаза од Првата македонска кошаркарска лига. Четирите водечки екипи – Бутел, Соколи 1933, Струмица 2001 и Борец баскет – запишаа нови победи и остануваат израмнети на врвот на табелата во ТОП 8 фазата.

Најефикасен натпревар одигра екипата на Бутел, која на домашен терен славеше убедлива победа над Водно Санс со 132:93. Домашниот тим уште во првото полувреме постигна дури 69 поени, наспроти 42 на противникот, со што го трасираше патот кон нов триумф. Најефикасни кај Бутел беа Атанасов и Кнежевиќ со по 30 поени, Мартиновски додаде 13, а Хот 12. Кај Водно Санс се истакна Димитриев со 21 поен, додека Бајалџиев реализираше 16, Митев 15, а Сребров 14 поени.

Возбудлив натпревар се одигра во Велес каде Борец баскет со 79:76 го совлада тимот на Мега баскет. По изедначеното прво полувреме, велешани одиграа одлична трета четвртина (25-12) со која направија пресврт и предност од 61:55. Таа разлика успеаја да ја задржат до крајот на натпреварот. Џејмс беше најдобар стрелец со 28 поени, Трпески постигна 17, а Чадамов 16. Кај гостите Враниќ реализираше 23 поени, Јованоски 13, а Димитриевски 11.

Убедлив триумф оствари и Струмица 2001, која на домашен терен го совлада Охрид со 75:49. Домашниот тим одигра одлично во одбраната, особено во вториот период кога на противникот му дозволи само четири поени. Струмичани веќе на полувремето имаа убедлива предност од 34:16. Најефикасен беше Д. Пандев со 22 поени, Александровски додаде 18, а Коцев 13. Кај гостите Димитриевски реализираше 12 поени.

Штипски Соколи 1933 исто така продолжува со победничката серија, откако убедливо го совлада младиот тим на Вардар со 117:71. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме кога домаќините поведоа со 59:34. Караколев беше најефикасен со 18 поени, Нацевски постигна 15, Костадинов 14, Хамилтон 12, а Тодоровски 10. Кај Вардар најдобар стрелец беше Митревски со 15 поени, пред Ѓорѓевиќ со 14 и Аврамовски со 10.

По четири кола во ТОП 8 фазата, Бутел, Соколи 1933, Струмица 2001 и Борец баскет се израмнети на врвот со по 17 бодови.

Резултати – ТОП 8 (4. коло):
Борец баскет – Мега баскет 79:76
Струмица 2001 – Охрид 75:49
Соколи 1933 – Вардар 117:71
Бутел – Водно Санс 132:93

  • Табела – ТОП 8:

Бутел – 17

Соколи 1933 – 17

Струмица 2001 – 17

Борец баскет – 17

Мега баскет – 14

Вардар – 14

Водно Санс – 12

Охрид – 12

Следно коло (14 март):
Струмица 2001 – Вардар
Бутел – Мега баскет
Соколи 1933 – Охрид
Борец баскет – Водно Санс



Во Плеј-аут лигата, лидерот Тетекс ТТК продолжува со одличните настапи. Тетовци славеа на гостувањето кај Струмица Ролинг со 82:65. Клучна беше третата четвртина во која гостите направија предност од десет поени и ја задржаа до крајот. Теофиловски беше најефикасен со 27 поени, Шуменковски постигна 16, а Макревски 11. Кај домаќините Атанасов реализираше 20 поени, Мицев 16, а Абрашев 15.

Важна победа во битката за опстанок оствари Спортисимо, кој на домашен терен го совлада Младинец со 90:76. Митрев беше најдобар со 32 поени, Ристовски додаде 26, а Митков 17. Кај гостите Шуменковски постигна 15 поени, Гелов 12, а Мантев 11.

Во последниот натпревар од колото Црн Дрим славеше на гостувањето кај Овче Поле со 91:79. Д. Шабани постигна 29 поени, а А. Шабани додаде 12. Кај домаќините Трифуновски реализираше 15, а Каришик 10 поени.

Резултати – Плеј-аут (4. коло):
Струмица Ролинг – Тетекс ТТК 65:82
Спортисимо – Младинец 90:76
Овче Поле – Црн Дрим 79:91

  • Табела – Плеј-аут:

Тетекс ТТК – 15

Овче Поле – 13

Црн Дрим – 13

Струмица Ролинг – 11

Младинец – 10

Спортисимо – 10

Следно коло (14 март):
Црн Дрим – Струмица Ролинг
Тетекс ТТК – Спортисимо
Младинец – Овче Поле.



Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ поразен во драматично финале: Широки Бријег со минимален триумф до титулата и АБА лигата

Екипата на ТФТ не успеа да избори „мајсторка“ во финалната серија од...

Кошарка

Крива Паланка за прв пат, или седма титула за Бадел 1862?

Крива Паланка за прв пат, или пак Бадел 1862 по седми пат...

Кошарка

Пелистер со моќна партија во Аеродром – закажа полуфинале со МЗТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!