Третолигашот Света Троица од Охрид за пролетната полусезона во Трета лига – Југозапад ќе биде посилен со Кипријан Петрески, кој доаѓа од редовите на второлигашот Преспа.
25-годишниот фудбалер претходно настапуваше и за Сатеска од Волино, Октиси, Охрид, Новаци, Еуромилк ГЛ, а кариерата ја започна во Фер Плеј од Охрид.
Екипата на Света Троица призимува на седмото место со десет бодови, а за пролетниот дел тимот на Борис Бимбилоски ќе има амбиции за што повисок пласман на третолигашката табела во Југозападниот регион.
Охриѓани пролетниот дел го отвараат против Напредок во Ношпал.