Трета лигаФудбал

Победа Валандово е на врвот во Истокот, Овче Поле сериозно напаѓа за второлигашки бараж!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со натпреварите од 12. коло стартуваше пролетната полусезона во Трета лига – Исток, но овој регион од 11 екипи остана со девет, по откажувањето на Светлост од Зрновци и Рудар од Пробиштип од понатамошно натпреварување. Само три натпревари беа одиграни во првото пролетно коло, извештајот на Спортска Мрежа е достапен овде за мечевите од првото пролетно коло, а во рамки на 12. коло слободни беа екипите на Победа Валандово, Карбинци и Малеш.

На врвот станува максимално „комплицирани“ околу тоа кој да биде шампион и да игра бараж за Втора лига. Победа од Валандово го држи врвот како непоразен лидер со 28 бодови, но има меч помалку од конкурентите. Овче Поле сега изби на второто место со 25 бодови, колку што има Ударник, со тоа што сега тимот од Пирава е трет.

Но, сега и некогашниот прволигаш Хориознт Турново е блиску до водечките екипи, има минус три од второто место, а минус шест од Победа Валандово, која има пак меч помалку.



  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПОБЕДА Валандово 10 9 1 0 33 8 +25 28
2 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 11 8 1 2 34 13 +21 25
3 ФК УДАРНИК 11 8 1 2 29 12 +17 25
4 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 11 6 4 1 35 21 +14 22
5 ФК Брегалница 1926 11 4 3 4 15 15 0 15
6 ФК КАРБИНЦИ 10 3 4 3 14 13 +1 13
7 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 10 3 2 5 12 14 -2 11
8 ФК ТИВЕРИЈА 11 3 1 7 19 29 -10 10
9 ОФК МАЛЕШ 10 1 2 7 11 31 -20 5
10 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 10 0 4 6 12 32 -20 4
11 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 11 1 1 9 10 36 -26 4



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со јасна цел – да стигне до...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!