Младински фудбалФудбал

Македонскиот фудбал има страшен талент: Админ Абдула на радарот на неколку прволигаши, но и на екипи од странство!

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбал има страшен талент кој треба да се искористи максимално и за во репрезентацијата.

Станува збор за 16-годишниот фудбалер Админ Абдула кој настапува за екипата на Њу Старс од Скопје, а претходно беше дел од ланскиот прволигаш Македонија ЃП.

Младиот Абудула постигнува фантастични погодоци речиси на секој натпревар, а неговиот талент и одличниот осет за добар фудбал на терените го става Абдула на радарот на неколку европски екипи.

16-годишникот двапати беше во Хајдук од Хрватска на 20-дневни припреми, интересот за овој млад играч е голем, а од видеото можете да видете дел од погодоците на Абдула.

  • ДЕЛ ОД АТРАКТИВНИТЕ ПОГОДОЦИ НА МЛАДИОТ АДМИН АБДУЛА:

 

Младиот фудбалер добива повици и за во младинските репрезентации на Македонија, а некои македонски прволигаши веќе уште овој зимски преоден рок размислуваат да го „врзат“ со професионален договор на подолг период, свесни за потенцијалот на Абдула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!