ФудбалЧетврта лига

Интер Кукла и Спартмани ремизираа во дерби пријателски натпревар

Сподели
Сподели

Екипите на ФК Интер Кукла Куклиш и ФК Спартмани одиграа интересен пријателски натпревар кој заврши без победник 2:2, во дуел меѓу двете водечки екипи во Општинската фудбалска лига – Струмица.

Натпреварот се одигра во силно темпо и во одлична атмосфера, што беше и очекувано со оглед на тоа што на теренот се сретнаа две екипи кои го делат врвот на табелата со по 16 освоени бодови.

Во редовите на Интер Кукла се истакна Хаџиев, кој постигна два гола, додека Ризов запиша две асистенции и беше еден од најзаслужните за погодоците на својот тим.

БРЕГАЛНИЦА ДЕЛЧЕВО ГО „ТРЕСНА“ ЗАЛЕТАНИОТ УДАРНИК, РУНИ ПОГОДИ ПРОТИВ ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО – ТРИ БОДА ЗА ТУРНОВО

Овој пријателски дуел беше дел од подготовките на двете екипи за претстојниот пролетен дел од сезоната во Општинската фудбалска лига – Струмица, каде Интер Кукла и Спартмани ќе продолжат со борбата за самиот врв на табелата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!