Ракомет

Вардар обезбеди Ф4 во Купот, со две победи во групата

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија, Вардар, направи голем чекор кон одбрана на титулата, откако со две победи во еден ден обезбеди пласман на завршниот турнир.

Прв предизвик беше дуелот со Бутел Скопје, кој Вардар го реши со 26-19. Иако првото полувреме беше тесно и гостите од Бутел храбро се бореа, сепак „црвено-црните“ во вториот дел рутински ја обезбедија победата. Кеита беше најефикасен со четири гола, а голманите Валах и Гогов комбинираа 14 одбрани. Кај Бутел Скопје, Киселовски се истакна со четири погодоци.

ФОТО: РК Вардар

Во финалниот дуел на групата, Вардарци играа со Еурофарм Пелистер 2, кој го победија со 27-22. По првите петнаесетина минути резултатот беше 9-5, но Пелистер 2 се приближи на 14-12 на паузата. Во завршницата, Вардар се одлепи со головите на Митровиќ, Анастасовски и Лазаревски, а голманите Еспиња и Гогов комбинираа 13 одбрани. Кај Пелистер 2, Славков даде девет гола.

Претходно, Еурофарм Пелистер 2 ја победи екипата на Мулти Есенс со 28-23, со Белистојаноски и Шулески како најдобри стрелци. На паузата тие водеа со 18-11, но и покрај обидите на противникот да се врати во игра, Пелистер 2 ја задржа контролата до крајот.

ФОТО: РК Вардар

Со овие резултати, Вардар ја потврди првата позиција во групата и обезбеди место на Ф4, откако, претходно и Еурофарм Пелистер се пласираше во Ф4.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло на домашен терен со 2:0 ја...

Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34 во натпреварот кој, по договор меѓу двата клуба, наместо во Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34...

Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со голема победа над Мулти Есенс

Еурофарм Пелистер 2 стигна до првите суперлигашки бодови оваа сезона, откако во...

Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурен во Струга за втора суперлигашка победа

Еурофарм Пелистер стигна до вториот триумф во новата сезона од Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!