Женската фудбалска А репрезентација ја забележа првата победа во Ц Лигата на нациите во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Андора со убедливи 3:0. Избраничките на селекторот Андов одиграа сигурен и дисциплиниран натпревар, контролирајќи ја играта во текот на целиот меч и создавајќи повеќе можности пред противничкиот гол.
Резултатот го отвори младата Теона Галабовска, фудбалерка на Тиверија Брера од Струмица, која погоди во 17. минута од натпреварот. Само три минути подоцна, во 20. минута, Симона Мејер ја зголеми предноста на македонската репрезентација на 2:0.
Во второто полувреме македонските фудбалерки продолжија со сигурна игра и целосна контрола на теренот, не дозволувајќи му на противникот да создаде посериозна закана, во игра влезе младата и талентирана Меланија Грозданова каде со погодок во 83. минута од натпреварот Македонија дојде до конечни 3:0.
Со оваа победа, нашата репрезентација освои важни бодови и дополнителна самодоверба за продолжението од натпреварите во групата од Ц Лигата на нациите во квалификациите за Светското првенство.
Следниот натпревар нашата селекција ќе го одигра на 14 април, кога на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Унгарија. Овој дуел ќе биде нова можност за македонските фудбалерки да продолжат со добрите резултати во квалификацискиот циклус.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...
Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...
Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Димитар Капинковски, го...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Хрватска (53:91) го...
Кошаркарската федерација на Македонија на достоинствен и емотивен начин им оддаде почит...